Ќеркичката на Боде Милер се удави во базен

Олимпискиот победник во спуст американскиот скијач Боде Милер го погоди страшна трагедија во понеделникот кога неговата 19-месечна ќеркичка се удавила во базен, објави калифорниската полиција.

Емелин Гир Милер е пронајдена без свест во базенот на соседот во Кота де Каза, во округот Оринџ, јужно од Лос Анцелес. Четириесетгодишниот Боде и неговата сопруга Морган биле на прослава кај тој сосед во моментот на трагедијата.

Оживувањето, за жал, не успеало, изјавил капетанот на противпожарната служба Тони Бонмарио. „Долго се обидувале“, рекол.

Боде Молер по несреќата објави порака на Instagram, во којашто наведува дека тој и неговото семејsтво се „пове’е од скршени“. „Нашето бебе Еми вчера почина. Не мислев дека некогаш ќе доживеам ваква болка“, напиша скијачот замолувај’и за почитување на приватноста на семејството.

Боде Милер е наjтрофејниот американски скијач со шест олимписки медали освоeни во 2002, 2010 и 2014 година, од кои златна од комбинации на Игрите во Солт Лејк Сити во 2002-та. Исто така, освои и четири титули светски првак, како и два Кристални глобуса во 2005 и 2008 година. Скијачката кариера одлучи да ја прекине пред неколку месеци.

Се ожени во 2012 година за одбојкарката на песок Морган Бек. Го имаат синот Едвард Милер, роден 2015-та, една година пред Емелин.