петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 67

Керн: Пристапните договори со Турција во моментов се само фикција

Австрискиот канцелар Кристијан Керн повеќе не смета дека Турција е кандидат за членство во ЕУ.

kristijan-kern

Поврзани вести

Австрискиот канцелар Кристијан Керн повеќе не смета дека Турција е кандидат за членство во ЕУ.

И тоа не само сега, туку и во наредните децении, оцени тој во интервјуто за виенскиот дневник „Пресе“.

Тој исто така предупреди дека укинувањето на договорот за бегалците од страна на Турција е проблем кој би ги преселил мигрантите во Грција, а потоа во Србија и Унгарија.

Керн порача дека мора да се прифати реалноста, а тоа е дека пристапните договори со Турција во моментов се само фикција.

На Европа и е потребен нов пат, нагласи тој.

Керн објасни дека вината за тоа не толку во претседателот Реџеп Таип Ердоган и актуелниот „проблематичен демократски политички развој“, туку повеќе економскиот диспаритет.

Ако на Турција и се отворат вратите и дозволат четирите основни слободи во ЕУ – слободно движење на добра, капитал, услуги и луѓе, тогаш тоа би довело до масовен економски проблем, што во Европа не може да се прифати, смета шефот на австриската влада.

ЕУ, според неговите зборови, треба да најде нов, можен пат за економско приблужување кон Турција, бидејќи, и покрај сите критики, таа земја секако и понатаму е важен партнер за безбедносните и мигрантско-политичките прашања.

Керн нагласи дека не верува дека Турција ќе го раскине договорот за бегалците со ЕУ.

Економски сме на подолгиот дел од гранката. Турција е од нас и понатаму зависна. Европа не е таа која ја моли Турција, и поради тоа Анкара има добри причини да остане разумна, порача тој.

Керн истакна дека во овој момент постојат емоции, но кога трезвено ќе се разгледа состојбата, тогаш Турција има многу работи кои може да ги изгуби.

Без договорот со Турција, смета Керн дека затворањето на балканската рута би било проблем, бидејќи проблемот најпрво би се преселил во Грција, а потоа и во Србија и Унгарија.

Тогаш не би можело долгорочно да се каже дека тоа е само грчки проблем. Тоа би станало проблем на сите нас, заклучи Керн.

Најчитани вести