Свет

Керни: Брекзит е повод да за обединување на Северна Ирска со Ирска

Керни: Брекзит е повод да за обединување на Северна Ирска со Ирска

Претседателот на сеирската националиситчка партија Шин Фејн, Деклан Керни утрово изјави дека одлуката на вчерашниот референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, ја лишува британската Влада од надлежноста да ги претставува интересите на жителите на Северна Ирска.

Како што јави ТАСС, тоа, според него, ќе биде повод и за обединување на регионот со соседна Ирска.

Крајните резултати од гласањето на вчерашниот референдум покажуваат дека над 55 отсто од северноирските гласачи, го дале својот глас за останување на Обединетото Кралство во ЕУ, но на ниво на цела Велика Британија мнозинството избирачи се изјаснија за Брекзит.