Кесковски: За разузнавачите е нормално да монтираат материјали за нивни интереси

Поранешниот помошник-директор во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, проф.д-р. Златко Кесковски, во интервју за Канал 5 вели дека разузнавачките служби имаат можност да монтираат материјали и поседуваат софистицирани системи за тоа.

-Покрај обработувањето на одредени лица значи подготвуваат компромитирачки материјали, ако во таа обработка нема компромитирачки материјали тогаш секако во нивни интерес и во интерес на она кое што следи и кое што им е целта, тие би монтирале метеријали. Тоа е нормална работа за разузнавачките служби, ништо вонредно, вели Кесковски.

Тој посочува дека разузнавачките служби ја исполнуваат целта што сакаат на различни начини.

-Ако разговараме за можноста за монтирање и дали монтираат тогаш одговорот е апсолутно Да, бидејќи тоа им е и основната задача, додава тој.

Според него сите разузнавачки служби во нашите држави поседуваат софистицирани системи.

-Имајќи ги в предвид тенденциите на сите соседни држави во одредени области секако дека имаат сите без исклучок, евентуално можеби најмладата држава што во моментов се создаде на Балканот, можеби нема таков систем, меѓутоа сите софистицираните системи секако се потпомоганти и од некои поголеми сили, смета Кесковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.