Кежаровски доби условен отпуст

Новинарот Томислав Кежаровски доби условен отпуст од страна на судот. Отпустот ќе се реализира од 18 ти следниот месец за до кога на новинарот му беше дозволен привремен прекин на издржување на затворската казна.

Одлуката е донесена бидејќи новинарот издржал повеќе од половина од казната затвор, имал примерно однесување, но и влошена здраствена состојба. Против ваквата одлука на судот во рок од осум дена право на жалба има обвинителството.