Кежаровски останува дома – Апелација ја потврди одлуката за условен отпуст

Апапелација ја потврдила одлуката на кривичниот суд, новинарот Томислав Кежаровски да биде пуштен на слобода со условен отпуст, објави Канал 5.
На 22  јануари беше соопштено дека кривичниот суд донел одлуката за условен отпуст на предлог на директорот на затворот. Се жалеше обвинителството за организиран криминал но апелација ја одбила жалбата како неоснована.  Во меѓувреме додека се одлучуваше за условниот отпуст Кежаровски беше пуштен од затвор откако доби привремен прекин на издржувањето на казната од еден месец поради здравствени причини. Прекинот истекуваше утре но во меѓувреме одлуката за условен отпуст стана правосилна.
Апелација во јануари ја потврди пресудата за „Ликвидација“ .
Кежаровски доби две години затвор со што му останаа уште околу три месеци и веднаш од домашен притвор беше префрлен на издржување на казната. Пресудата предизвика незадоволство и протести на новинарите