Киану Ривс со уште една силна порака

Не можам да бидам дел од ваков свет, истакна Киану Ривс во уште една силна порака што повторно натера многумина да се подзамислат.

Весникот „Daily Times“ забележува дека на неколку месеци овој „астрален актер“ како што го нарекуваат преку социјалните мрежи се обидува на своите обожаватели и на остатокот од планетата да им појасни во што се крие поентата на животот.

Не можам да бидам дел од светот каде мажите ги облекуваат своите сопруги како проститутки, покажувајќи го сето она што би требало да биде скапоцено. Каде што не постојат честа и достоинството и каде што единствено можете да се потпрете на нечие „ветувам“. Каде што жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде што најлошите веруваат дека се успешни додека се кријат зад тркалата на автомобилите на нивните татковци, додека нечиј татко кој што има барем малку моќ се обидува да ве убеди дека сте никој и ништо. Каде што луѓето само лажно говорат дека веруваат во Бог со чашка алкохол во раката и без никакво разбирање за сопствената религија. Каде што љубомората се смета за срам, а скромноста за маана. Каде што луѓето забораваат на љубовта, а бараат идеален партнер. Каде што го поправаат секој шум на автомобилите, не штедејќи ниту пари, ниту време, а самите изгледаат толку сиромашно што само скапиот автомобил тоа може да го скрие. Каде што младите ги трошат парите на своите родители во ноќни клубови, подражавајќи некои примитивни звуци, а девојките поради тоа се вљубуваат во нив. Каде што мажите и жените повеќе не се разликуваат и каде што сето тоа се нарекува слобода на изборот, но оние што ќе изберат различен правец се жигосани како ретардирани насилници… Јас го бирам својот пат, но штета е што не наидувам на разбирање кај луѓето кај кои што најмногу сакав да го пронајдам, напиша славниот актер.