Кичевец погоден од залутан куршум додека играл фудбал

Кичевчанецот Б.Р. (22) вчера околу 21 часот бил погоден во десното стопало од залутано зрно од огнено оружје додека играл фудбал во спортскиот центар (балон) во Кичево.

На Б.Р. му била укажана помош во Медицински центар Кичево, каде му е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.