Македонија

На патот Кичево – Охрид краток прекин, на скопската обиколница нормализирање

На патот Кичево – Охрид краток прекин, на скопската обиколница нормализирање
Прекин на сообраќајот на патот Кичево- Охрид

На патот Кичево – Охрид краток прекин, нормализирање на сообраќајот на скопската обиколница.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на планинскиот премин Пресека – село Врбјани, денеска, помеѓу 14:00 и 16:00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути.

Како што соопшти АМСМ, прекинот е поради изведување работи на пат (минирање).

Од денес нормализирање на сообраќајот на скопската обиколница

Од денес нормализирање на сообраќајот на скопската обиколница
Од денес нормализирање на сообраќајот на скопската обиколница

АМСМ потсетува и дека сообраќајот на Скопската обиколница која беше затворена од вторникот, попладнево по 18 часот ќе биде нормализиран.

Затворањето на обиколницата е за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND”.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.