Кичевчанец почина во пожар во неговиот дом

Кичевчанец починал вчера откако избил пожар во неговата куќа.

Пожарот во куќата на педесет и едногодишниот Досе С. настанал поради непознати причини, а од огнените пламени била зафатена кровната конструкција.

За време на пожарот Досе С. се наоѓал во куќата и од здобиените повреди истиот починал.