Кичевчанец со нож го убил својот брат

Кичевчанец вчера со нож го усмртил својот брат во центарот на градот.

Според очевидци напаѓачот го прободел братот над десетина пати, по што се обидел да побегне.

Сепак со брза интервенција на полицијата, напаѓачот е фатен.

Надлежните вршат увид на местото на настанот, по што ќе се соопштат повеќе детали околу настанот и мотивите за убиството.

Неофицијално, двајцата браќа претходно имале расправија, по што едниот од нив посегнал по ножот.