Кичевчани фатени во обид за тешка кражба

Педесет и двегодишниот А.А. од село Туин, кичевско и четириесетгодишниот Д.А. од селото Долно Страгомиште добија кривична пријава бидејќи биле фатени во обид да извршат тешка кражба во охридско Слатино.

Се трага и по уште едно засега непознато лице. Од страна на судија на претходна постапка на Д.А. одредена му е мерка притвор во траење до осум дена.

На 21.овој месец лицата со возило марка „Форд Фиеста“ со прилепски таблички од Кичево се упатиле кон охридското село Слатино при што ја скршиле влезната врата од спратот на куќа во селото, но не успеале да одземат ништо бидејќи биле забележани од соседот по што веднаш избегале.

Од страна на неколку жители на селото, кај месноста „Оздоленска раскрсница“ сочекано е и застанато возилото со кое Д.А. се обидел да избега. Истиот околу 04:00 часот е приведен во СВР Охрид  и се работи на целосно расчистување на случајот.