Кичевец со нож нападнал сограѓанин во кафуле

Четириесет и двегодишниот С.И. од Кичево доби кривична пријава бидејќи со нож го ранил триесет и двегодишниот Џ.Е. во кафулето „Спорт Кафе“.

Ранетиот се здобил со телесна повреда во пределот на раката и грбот. Џ.Е. е пренесен е во Медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош, додека С.И. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветна пријава.