Кичево е првата станица на реновираниот Вардар

По пауза од неколку месеци, денеска ќе бидат одиграни вкупно пет натпревари од првото пролетно, а вкупно 20. коло од македонската Прва фудбалска лига.
Актуелниот лидер на табелата, тимот на Хоризонт од Турново ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога на тешкото гостување во Штип.
Бранителот на тронот, најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар, важи за апсолутен фаворит пред дуелот со секогаш незгодниот тим на Напредок, а за прв пат на дело ќе го видиме реновираниот тим на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.
Вардар ќе нападне со најзвучната зимска аквизиција, поранешниот репрезентативец на Македонија, Илчо Наумовски, а официјано деби во тренерското столче ќе има и искусниот руски стручњак, Сергеј Андреев.
Денеска на програмата: Брегалница – Хоризонт Т., Гостивар – Еуромилк, Металург – Ренова, Напредок – Вардар, Работнички – Пелистер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.