Кичево: Родителите на простест, а учениците остануваат дома

Протести и бојкот на наставата во основните училиште „Кузман Jосифоски-Питу“ и „Доктор Владимир Полежиноњски“ во Кичево. Повеќе од 1000 ученици од двете основни училишта во Кичево не сакаат да следат настава во ладни простории, јавува Канал 5.

Советот на родители од основното училиште „Кузман Јосифоски Питу“ од Кичево реши и денеска учениците да седат дома а родителите своето незадоволство ќе го изразат на протест пред општината во Кичево.

Според неофицијалните информации во двете образовни институции нема пари за нафта за парното греење. Поради застарени долгови сметките се блокирани а локалните власти не сакаат да посредуваат при набавката на нафтата за парно.