ВИДЕО: Кичево следната година ќе добие нова болница

Кичево до  средината на 2015 година треба да добие нова современа болница.

Министерот за здравство Никола Тодоров информирајќи дека денеска е распишан тендерот за реконструкција на кичевската болница го презентираше проектот за новата Општа болница во Кичево. Тодоров вели дека очекува новата болница, чија изградба ќе чини 200 милиони денари, да почне да се гради во март годинава.

Според проектот, новиот објект што ќе се простира на 7.000 квадратни метри ќе содржи пет одделенија од секундарната здравствена заштита, 10 специјалистички и четири дневни болници.

„Новиот објект ќе го има следниот состав и тоа болничко одделение – анестезија со реанимација и интезивно лекување, хируршки болести со урологија, педијатрија, гинекологија и акушерство и интерни болести. Дневни болници за хирургија, педијатрија, гинекологија и акушерство, интерни болести, ургентен центар и мртовечница. Специјалистичко- консултативни служби во кои ќе бидат вклучени лабораториска дејност – медицинска биохемија, радиолошка – дијагностичка дејност, ортопедија и траума, психијатрија, неврологија, очни болести, оториноларингологија, демрматтовенерологија, инфективни болести и болничка аптека“, вели министерот Тодоров.

Тодоров најави и нови вработувања во кичевската болница со цел да им се обезбеди најдобра здравствена заштита на жителите во тој регион.

Старата зграда во која сега се лекуваат кичевчани и жителите на околните места е стара повеќе децении и е многу оштетена.