Киднаперката на Маша: Мојот сопруг е виновен за се’

„Себастијан е виновен за се’. Тој се’ смисли. Дури го зема и пасошот на мојата внука и нејзната облека. Не ни кажа што планира. Кренавме на пат кон Романија, кај неговите роднини. Така тој ни соопшти мене и на мојата ќерка. Дури кога појдовме на пат ни ја откри својата намера дека  планира да ја киднапира малечката која личи на мојата внука“, кажала Сандрин Аексија Горин Бранши, која  единствена одговарала на прашањата на обвинителот за организиран криминал  во Белград. Нејзиниот сопруг и ќерката се бранеле со молчење.

„Мојата внука има две ипол години и малку е постара од девојчето што тој го зема“, зборувала Сандрин.

„Во тек е бракоразводна постапка на мојата ќерка и нејзиниот поранешен сопруг. Тој сакаше да и’ помогне таа да го добие старателството. Кога стигнавме во Романија, видовме дека таму децата се потемни од нашата внука“, вели Сандрин.

Според нејзината приказна, таа и ќерката се обиделе да го сопрат Себастијан од оваа намера, но не успеале во тоа. Во Србија стигнале на 12 март. Во Панчево преспале во кола. Следниот ден се упатил кон Белград.

„Тогаш го видовме девојчето кое многу личи на мојата внука. Себастијан ја грабна од нејзината мајка и ја стави во автомобилот. Тргневме кон граница да бегаме. Кога видовме дека полиција не брка, сакавме девојчето да го оставиме зад оградата на автопатот, а ние да продолжиме понатаму

Досегашната истрага покажала дека тројцата Французи во Србија немале никаква помош, а ниту нивните роднини и пријатели во Франција, не знаеле за тоа.

На тројцата киднапери им е одредена мерка притвор во време траење од 30 дена.