среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Киднаперот на авионот сакал да ја види поранешната сопруга

авионннннн

Поврзани вести

Киднаперот на египетскиот патнички авион кој полета од Александрија за Каиро, но слета во Ларнака, на Кипар, е именуван како Сеиф Ел Дин Мустафа, соопшти портпаролот на египетскиот претседател, пренесува МИА.

Според Си-Ен-Ен станува збор за египетски државјанин кој киднапирањето на авионот „Ербас А320“ го извршил само за да ја види својата поранешна сопруга, Кипранка, која сега живее во Кипар.

Кипарските власти кои преговараат со киднаперот, успеаја да обезбедат ослободување на најголемиот број од патниците, освен четворица членови на екипажот и тројца патници, сите странски државјани, ветувајќи му средба со неговата поранешна сопруга за која наводно имал подготвено и писмо.

Кипарскиот претседател Никос Анастиадис изјави дека не станува збор за терористички инцидент, туку за „приватна работа„ на еден маж и неговата сопруга,

На прашањето од новинарите, дали станува збор за „романтичен случај“ Анастасиадис изјави; „некоја жена секогаш е вмешана“.

Засега се уште не е откриено дали грабнувачот навистина носи на себе елек како бомбашите самоубијци, како што им рекол на патниците и на членовите на екипажот изутрината, кога го натерал пилотот наместо кон Каиро да полета на север кон Кипар или сето тоа било само заплашување.

Експерти во цивилното воздухопловство сепак ги обвинија денеска безбедносните служби на аеродромот во Александрија, за „тежок пропуст“ во врска со инцидентот со киднапираниот авион на компанијата „Иџиптер“.

Во изјави за Си-Ен-Ен тие рекле дека без разлика што е мотивот, станува збор за опасен пропуст, особено ако тој навистина има елек со експлозив на себе, затоа што се поставува прашањето каква е вооопшто контролата на александрискиот аеродром, кога еден ваков човек можел без проблеми да влезе во леталото.

Овие експерти велат дека како пропуст се смета и конфузијата околу бројот на патниците.

Според компанијата во авионот имало 81 патници и членови на екипажот, додека според претставник на аеродромот во Александрија, имало 30 египетски патници и осумина Американци, по четворица Британци и Холанѓани, двајца Белгијанци и еден Италијанец, а тоа значи дека во авионот немало повеќе од 55 патници.

Претходно беше соопштено дека киднаперот на египетскиот патнички авион се вика Ибрахим Самаха, а неговите роднини изјавија дека тој , боледува од психичко растројство.

Најчитани вести