Македонија

Киднапиран и тепан претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Центар

Киднапиран и тепан претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Центар

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Центар и советник во Општина Цетар Јордан Ристески бил киднапиран и тепан, дознава Нетпрес.

Според информациите до кои дојдовме, Ристески е тепан со боксови, понижуван и насилно внесен во автомобил од активисти на СДСМ, возен низ Скопје и оставен на улица.

Напаѓачите, кои според информациите се активисти на СДСМ, го сликале претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и советник од централната скопска општина како го понижуваат и ја ширеле таквата фотографија.

Како што дознава Нетпрес, за инцидентот се приведени две лица, В.С. роден 1974-та година и Д.Д. роден 1981-ва година.