Свет

Киднапирани 16 турски работници во Ирак

Киднапирани 16 турски работници во Ирак
Киднапирани 16 турски работици во Ирак

 Во Багдад се киднапирани 16 турски работници, соопштија ирачките власти.

 Турските државјани биле киднапирани од маскирани лица во воена униформа,,јави турската телевизија НТВ

Киднапираните работници работеле биле вработени во турска градежна компанија која градела спортски комплекс во шиитската област на градот.

Киднаперите влегле во кампот каде што турските работници спиеле, ги земале раотниците, а притоа не повредиле никој.

Ирачките власти се во постојан контакт со Турската влада.

Во Багдад веќе една деценија се случуваат насилства, од типот киднапирања, самоубиствени бомбашки напади и убиства.

Турција од неодамна започна водушни напади врз Исламската држава во Ирак, и и’ дозволи на амерканската армија да ја користи турската воена база Инџирлик за напади врз припадниците на ИСИЛ.