Киднапирани двајца службеници во српската амбасада во Либија

Двајцата службеници во дипломатската мисија биле грабнати во градот Сирт, град кој беше упориште на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, а од јуни 2015 година по крвави борби го зазема џихадистичката исламска држава.

Дачиќ:  Сеуште нема информации кој ги киднапирал вработените во српската амбасада

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека сеуште нема никакви информации кој го извршил киднапирањето на вработените во српската амбасада.

Дачиќ: Сеуште нема информации кој ги киднапирал вработените во српската амбасада
Дачиќ: Сеуште нема информации кој ги киднапирал вработените во српската амбасада

Како што рече, досега никој не се јавил да бара нешто. Формиран е кризен штаб кој работи на решавање на вонредната ситуација и за тоа е информиран и премиерот.

Вучиќ: Се очекува позитивен расплет на настаните во следните 48 часа

Вучиќ: Се очекува позитивен расплет на настаните во следните 48 часа
Вучиќ: Се очекува позитивен расплет на настаните во следните 48 часа

Премиерот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека разговарал со либиските власти за киднапираните службеници од српската амбасада во Либија и дека во следните 48 часа очекува позитивен расплет на настаните.