Киднапирани за да сеат страв – Девојчиња бомбаши самоубијци

Бројот на децата бомбаши самоубијци, воглавно девојчиња, припаднички на групата Боко Харам минатата година е зголемен за 11 пати.

Децата бомбаши самоубијци се воглавно осумгодишни девојчиња што изведуваат напади во училишта и во трговските центри низ Западна Африка.

Самоубиствените напади се проширија и надвор од границите на Нигерија, со се поголем број напади на децата што бомбите ги кријат под маицата или во корпа, пренесува Ројтерс.

Употребата на деца, особено девојчиња, како бомбаши самоубијци, станува алармантна карактеристика на овој конфликт. Боко Харам ги воспитува децата дека со лепењето на бомбата на нивното тело се свртуваат против сопствената средина, а за некои се претпоставува дека воопшто немале поим дека носат бомби. За време на конликтот во 2014-тата имаше четири напади што беа изведени од деца. Мината година имаше 44, воглавно во Камерун и Нигерија,  вели Лоран Дивилије, регионален портпарол на УНИЦЕФ.

Според соопштението на војската на САД не е јасно како Боко Харам ги тера девојчињата да го спроведат нападот, но оние што се силувани или се психолошки оштетени, на тој начин стануваат подобни за послушност во секој облик.

Амнести Интернешнл проценува дека Боко Харам киднапирал околу 2.000 жени и девојчиња од 2014-тата година, што ги користи како сексуални робинки и бомбаши самоубијци.

Три четвртини од бомбашите самоубијци се девојчиња, а киднапираните момчиња се приморани да ги нападнат сопствените семејства за да докажат дека се верни на Боко Харам, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.