Киднапирање во Скопје!

Според податоците од полицијата, било пријавено дека киднапирањето се случило позади пазарот во Шуто Оризари. Непознато машко лице со употреба на физичка сила насилно ја внел во патничко возило 20-годишната Р.З. по што заминале во непознат правец.

Се работи за 39-годишниот скопјанец С.А. по кого сеуште се трага.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.