Киднапирано 14-годишно девојче во Шуто Оризари

Киднапирано 14-годишно девојче во Шуто Оризари. Како што информира МВР, на улица „Индира Ганди“, вчера околу 18,30 часот, Џ.М. со уште две непознати лица насилно внеле 14 – годишно девојче од Скопје во патничко возило „Мерцедес“, по што се упатиле во непознат правец.

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки пронајдено е возилото и приведени се С.А. (42) и Ш.М.(21), додека по Џ.М. и девојчето се уште се трага.