Киелини побара поблага казна за Суарез

Најновата жртва на Луис Суарез, каснатиот репрезентативец на Италија, Џорџо Киелни јавно ја осуди престрогата казна која ФИФА му ја додели на репрезентативецот на Уругвај.

„Во мене нема чувство на радост, ниту пак на одмазда кон Суарез по случувањата во финишот од натпреварот. Единственото чувство е она разочарувачкото што го носам со себе од денот на нашата елиминација од мундијалот. Во моментот моите мисли се единствено со Луис и со неговото семејство, бидејќи знам дека пред нив е еден многу тежок период. Секогаш сум велел дека еднаш искажаните пресуди не треба да се менуваат, но во овој случај мислам дека казната на ФИФА е преригорозна. Искрено се надевам дека истата ќе биде намалена, ако ништо друга за Суарез да може барем да игра за својот клуб или барем да тренира со соиграчите, бидејќи како играч знам колку е тешко кога нема да можеш да бидеш со остатокот од тимот, од било која причина“, изјави дефанзивецот на Јувентус.