Киев ги обвини проруските сили декa отвориле оган врз воени контролни пунктови

Украинската армија ги обвини проруските сепаратисти дека отвориле оганна повеќе местта врз воени контролни пунктови во источниот дел од змјата и покрај објавениот прекин на огнот.

За време на синоќешните инциденти не се случиле посериозни судири, ниту имало жртви. Украинските власти објавија прекин на огнот до 27 јуни.

Портпаролот на Владата во Киев, задолжен за „антитерористичка операција“, Владислав Селезњов објави на Фејсбук дека проруските сили „не престануваат да пукаат врз позициите на украинските војници“.