Киев и Москва го договорија примирјето

Официјални претставници на Украина и Русија денеска договориле дека на Крим, каде што денеска се одржува референдум за приклучување кон Русија, до 21-ви март ќе стапи на сила примирјето.

Ова го истакнал вршителот на должност украински министер за одбрана, Игор Тенјух.

„Русија до 21-ви март нема да презема никакви акции против нашите воени единици на Крим. Нашите воени единици поради тоа ќе продолжат со дополнување на резервите“, рече Тенјух.

Тој на маргините на седницата на украинската влада рекол дека тој договор го постигна командантот на украинската воена морнарица, Сергеј Гајдук, и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојг.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.