Свет

Киев и Москва започнаа преговори за испораките на руски гас

Киев и Москва започнаа преговори за испораките на руски гас

Киев и Москва денеска почнуваат тешки преговори за испораките на руски гас, откако руската компанија „Газпром“ изјави дека ќе ја зголеми цената на природниот гас за Украина, пренесе „АФП“.

Привремениот украински министер за енергетика Јуриј Продан, директорот на „Нафтогас Украина“ Андреј Коболев и украински пратеници ќе се состанат со директорот на „Газпром“, Алексеј Милер.