Киев: Имаме докази дека Руси го собориле патничкиот авион

Украинските власти денеска соопштија дека располагат со „релевантни докази“ дека  малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина, бил соборен од ракетен систем со кој управувале руски државјани.

„Имаме релевантни докази дека овој терористички чин е извршен со помош на Руската Федерација. Знаеме дека тимот на (ракетниот) систем бил составен од руски државјани“, изјави раководителот на украинската контраразузнавачка служба Виталиј Најда.

Тој воедно побара од Русија да и ги достави на Украина „имињата на луѓето од тимот“, кој според него го соборил авионот, со цел да може да бидат сослушани од украинските власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.