Киев испраќа ново оружје во источна Украина

Киев ќе испрати во зоната на воените операции во источна Украина оклопни транспортери Спартан способни да уништуваат тешка оклопна техника и хеликотери. Тоа синоќа го соопшти украинското МВР, пренесува МИА.

Припадници на единицата Азов добиле шест оклопни возила Спартан опремени со софистицирано оружје способно да уништува хеликоптери и тешко оружје.

– Денес тие машини се тука, а утре ќе бидат на прво место со екипажите што ќе ги задолжат. Нашата филозофија е следната – максимално да се засилат тие единици кои се најдобро-оспособени и да им се обезбеди можност да извршуваат воени задачи. нагласи украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.