Киев: Јанукович ја повлекува војската од улиците, демонстрантите ги засилуваат барикадите

Украинскиот парламент донесе одлука за прекин на антитерористичките акции и за повлекување на војската во касарните. Претседателот Виктор Јанукович соопштил дека е постигнат договор со претставниците на Европската унија, но други детали не се соопштени.

Приврзаниците на опозицијата ги зголемуваат барикадите и се подготвуваат за нови напади во кои досега загинаа 77 лица, а повеќе стотина се ранети.

Според последните податоци на Министерството за здравје на Украина, од почетокот на судирите меѓу полицијата и демонстрантите загинаа 77 лица. Вкупно 571 лце побарало медицинска помош, а 363 лица се задржани во болница.

Опозицискиот лидер и украинскиот претседател Виктор Јанукович утрово ги продолжиле, додека во центарот на главниот град синоќа било „релативно мирно“.

Повеќе илјадници демонстранти утрово се наоѓаат на Плоштадот на независноста, каде во последните два дена се воделе борби меѓу припадниците на полицијата во кои загина најмалку 101 лице.

На плоштадот не е забележано зголемено полициско присуство, а граѓаните волонтери до протестниот камп на демонстрантите им носи храна.

„Би-Би-Си“ пренесува дека по полноќ демонстрантите спровеле заробување на полицајци во цивилна гардероба од плоштадот Мајдан во најблиската катедрала.