Киев оддаде почит на загинатите демонстранти

Денес во украинската престолнина Киев повторно беше оддадена почит на загинатите во протестите против претходната власт, пренесе „АФП“.

Во центарот на украинската престолнина, жени облечени во црно ги држеа портретите на загинатите и на тој начин ја изразија последната почит кон нив.

Според последните податоци 82 лица загинаа од почетокот на протестите кои избувнаа во ноември 2013 година по одлуката на властите да го одложат долгоочекуваното потпишување на Спогодбата за асоцијација со ЕУ.