Киев: Опозицијата го сака Уставот од 2004-та година

Украинската опозиција инсистира на неодложно враќање на Уставот од 2004-та година, со кој што значително се ограничени овластувањата на претседателот за сметка на парламентот.

„Опозицијата подготвува акт за враќање на Уставот од 2004-та година. За тој документ треба да се гласа во Собранието, доколку пратениците навистина се заинтересирани Украина по мирен пат за излезе од најдлабоката криза“, рекол шефот на пратеничките групи и лидер на партијата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, Арсениј Јаценјук.

Овој предлог го поддржале и лидерите на партијата Слобода, Олег Тјангнибок и Украинската демократска алијанса за реформи, Виталиј Кличко.