Свет

Киев: Пет демонстранти се хопситализирани во текот на изминатата ноќ

Киев: Пет демонстранти се хопситализирани во текот на изминатата ноќ

Седум лица се обратиле до екипите за медицинска помош кои се распоредени на местата за спроведување на акции, односно во областите каде што се одржуваат демонстрациите во Киев, во текот на изминатата ноќ, пренесе „УНИАН“.

Петмина од лицара биле хоспитализирани. Причините за хоспитализациите се акутен цистит, нарушување на церебралната циркулација, затворена черепно-мозочна повреда и состојба по серијата спазматични напади.

Во Украина повеќе од еден месец се одржуваат протести против тамошната власт, бидејќи одби да потпише договор за асоцијација со Европската унија.