Киев: Полицијата го зазела Плоштадот на независноста

Припадниците на украинската полиција во голем број се упатиле кон демонстрантите кои биле насобрани на Плоштадот на независноста во центарот на Киев и ја зазеле областа на која што демонстрантите биле повеќе од една недела.

Илјадниците полицајци ги потиснале демонстрантите од плоштадот, но не употребиле сила. Демонстрантите извикувале „срамота„ и „ќе издржиме“ и ја пееле националната химна.

Потиснувањето на демонстрантите следело по посетата на двајца високи западни претставници кои се обиделе да ја решат кризата меѓу опозицијата и претседателот Виктор Јанукович. Полицијата ги срушила барикадите околу кампот, а потоа и шаторите кои ги поставиле демонстрантите.

Украинскиот претседател, Виктор Јанукович, ја обвинил проевропската опозиција дека претставува закана за националната безбедност. Додека илјадници демонстранти и понатаму и’ пркосат на зимата, протестирајќи против одлуката на Јанукович, тој разговарал со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.