Свет

Киев: Прекршено примирјето рано утрово

Киев: Прекршено примирјето рано утрово

Демонстрантите во Киев рано утрово ги потиснале полициските сили од Плоштадот на независноста, иако претседателот Виктор Јанукович синоќа прогласи примирје.

Како што наведуваат медиумите, новите пресметки започнаа рано наутро, а официјални претставни соопштиле дека повеќе од 20 полицајци се повредени и дека некои од нив се погодени од снајпери.

На Мајдан во овој момент има околу 3.000 демонстранти и на самиот плоштад во овој момент е мирно, но групите на демонстранти пристигнаа до украинскиот парламент, кои се евакуираат.

Ниту фактот дека во Украина е прогласен Ден на жалост во чест на 28-те жртви од насилните демонстрации во изминатите 48 часа, не ги спречи новите судири, а утрово група демонстранти почнале да фрлаат молотови коктели врз кордонот на полицијата од каде е возвратено со солзавец.