Свет

Киев: Војската да употреби и оружје

Киев: Војската да употреби и оружје

Украинското министерство за одбрана соопшти дека на војниците им е дозволено да користат оружје по „последиците“ кои ги претпреа поради првата жртва на Крим.

„Во самоодбрана и заштита на нивните животи, на украинските војници распоредени во Автономната Република Крим, им е дозволено да користат оружјхе“, соопшти украинското министерство за одбрана.

Украинскиот војник кој денеска беше ранет во напад на воена база на периферијата на кримската престолнина Симферопол, починал од здобиените повреди.