Киев започна антитерористичка операција во источна Украина

Силите за безбедност на Украина денеска започнаа акција против проруските групи кои во Славјанск, кои што во источниот дел од земјата, ја зазеле зградата на полицијата и Државната безбедност.

Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, соопштил дека силите за безбедност започнале „антитерористичка операција со цел ставање крај на активностите на сепаратистите во Славјанск“.

„Во Славјанск започна антитерористичка операција. Со нејзе раководи антитерористичката единица на државната служба за безбедност“, напишал Аваков на својот „Фејсбук“ профил.

Тој додал дека во тој град се испратени припадници на сите безбедносни единици од целата земја.