Киево освои голем бод на гостувањето во Милано

Без победник, 1:1, заврши последниот натпревар од 19. коло во италија, дуелот на “Џузепе Меаца” помеѓу екипите на Интер и Киево.

Гостинот дојде во водство со погодокот на Алберто Палоски во 8 минута, а четри минути подоцна, мрежата на Киево ја погоди јапонскиот интернационалец, Јуто Нагатомо.

“Јас не можев да побарам ништо повеќе од моите фудбалери. Знаевме дека Киево има одлично организиран тим, особено кога е во прашање дефанзивната игра. Сепак, малку фалеше да постигнеме уште еден погодок, штета што Паласио не ја искористи одличната шанса во првото полувреме. Се ќе беше полесно ако ние први постигневме погодок, тогаш ќе имавме повеќе простор за игра”, изјави по натпреварот предводникот на “нероазурите”, Валтер Маѕари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.