Кијану Ривс со емотивно писмо трогна милиони луѓе ширум светот

Целиот свет го обиколи отвореното писмо на Кијану Ривс кое тој го поставил на својот профил на социјална мрежа.

Славниот актер објави фотографија и порака која мотивира секој до нас да биде подобар кон себе и другите но и кон животот.

Ги гледате ли сите овие луѓе околу мене? Брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо. Понекогаш сме толку фатени во стапицата на секојдневниот живот што забораваме малку да застанеме и уживаме во убавината. Како да сме зомби. Погледнете околу вас, извадете ги слушалките од ушите. Јавете му се на секој кого го познавате или прегнете некој кој ви делува дека е повреден и тажен. Помогнете на некого. Треба да го  живееме секој ден како  да ни е последен.Луѓето не знаат дека пред неколку години боледував од депресија. На никого не му кажав за тоа. Морав да се борам со тоа на свој начин. Личноста која ме делеше од среќата  бев јас самиот. Секој ден е бесценет и ајде така да се однесуваме. На никој не му е ветен утрешниот ден и затоа живејте денес, порача Ривис и сите не разбуди.