Кики Роналдо за малку ќе завршел на Ноу Камп

Поранешниот претседател на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизон, Реал (М), Рамон Калдерон, откри дека моментално, најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, за малку ќе го облекол дресот на каталонскиот гигант Барселона.

“Малку фалеше Роналдо да заврши во редовите на Барселона. Сер Алекс Фергусон многу се изнервира кога дозна дека Реал (М) без дозвола има остварено контакт со Роналдо и со неговиот агент. Кога ја дозна таа информација, Фергусон веднаш на Барса и ги понуди услугите на Роналдо. Сепак, португалскиот интернационалец ја одби преселбата на “Ноу Камп”. По неколку дена, Роналдо имаше состанок со Фергусон и за време на истиот му потврди дека ќе прифати само преселба во редовите на Реал (М)”, изјави Калдерон.