Кили: Во Еквадор дишам слободно

Глумецот и шоумен Кирил Поп Христов, со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката Јоана пред две недели ја напушти Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка, пишува Вест.

Одлуката да се отсели ја донел уште додека ја одлежуваше едногодишната затворска казна за одгледување марихуана, тревката за која вели дека живот му значи и за која за време на судењето постојано повторуваше дека ја одгледува за да му ги олесни проблемите со ракот на коските.

Неговата здравствена состојба беше главната причина што семејството Поп Христови реши да замине за Еквадор каде му понудиле лекување со алтернативна медицина, што таму е многу популарно.

Кили вели дека сe она што го има во Еквадор, тоа го барал и го нашол токму во оваа држава.

-Па ова е рај на земјата. Ова е земја за нас. Ова е земја за сите наши луѓе. Овде е исто како што беше во СФРЈ. А тоа кажува сe. Овде почнав да дишам. Конечно. Овде е лето постојано. Ма рај на земјината топка. А воздухот е совршен. Среќен сум, а тоа е повеќе од доволно за добро здравје. Додека дишам ќе се надевам, рекол Кили за Вест додека се допишувале на Фејсбук…