Килограм ориз ќе се откупува за 55 до 60 денари

Преставници на призводителите, откупувачите и преработувачите на ориз на синоќешниот заеднички состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и вдоостопанство договорија килограм арпа да се откупува по 25 денари, а бел ориз од 55 до 60 денари во зависност од квалитетот.
– Земјоделците од Кочанскиот регион се задоволни од постигнатата цена на ориз, изјави Драгољуб Гаврилов, земјоделец од село Чешиново кој ја предводеше делегацијата на оризопроизводители на средбата во Скопје.
Жетвата на ориз во Кочанскиот регион ќе почне за десетина дена. Од насеаните 4.500 хектари се очекува род од 27.000 тони арпа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.