Ким Џонг-ун го покани јужнокорејскиот претседател во Пјонгјанг

© AFP 2018 / Yonhap

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун го повика јужнокорејскиот претседател Мун Јаи-ин да „во најскоро време“ да го посети Пјонгјанг, објави официјален Сеул во саботата, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Поканата ја пренела Ким Јо-џонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја, којашто престојува во посета на Јужна Кореја по повод Зимските олимписки игри, изјавил портпаролот на Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејските претседатели.

Во усната покана, како што пренесува јапонската агенција Kyodo, Ким рекол дека е подготвен да се сретне со Мун „што е поскоро можно“.

Тоа би бил третиот самит од овој тип, по средбата на таткото на актуелниот севернокорејски челник, Ким Џинг-ил и јужнокорејскиот претседател Ким Дае Џунг и Рог Му-хјун во 200 и во 2007 година, и секогаш во Пјонјганг.

„Специјалната претставничка Ким Јо-џонг го предаде личното писмо“ од својот брат коешто содржи „желба за подобрување на меѓукорејските односи“, изјави портпаролот на јужнокорејскиот претседател Еки Еуи-кјеом.

Ким Јо-џонг, заедно со другите членови на севернокорејската делегација меѓу кои и формалниот шеф на државата Ким Јонг-нам, ја посети претседателската резиденција во Сеул и присуствуваше на свечената вечера приредена од јужнокорејскиот претседател.

Ким Јонг-нам, кој ги извршува почесните должности во севернокорејскиот државен врв, е највисокиот функционер на Северна Кореја кој допатувал во посета на Јужна Кореја по завршувањето на Корејската војна од 1950 до 1953 година, која заврши со примирје но не и мировен договор. Јо-џонг, пак, е прва припадничка на владејачката династија Ким на Северот која зачекорила на јужнокорејска почва по војната.