Ким е одлучна да ослаби уште 10 килограми

Во интервју за E!News Ким Кардашиан отворено проговори за нејзината борба со килограмите по втората бременост.

Мислам дека овој пат побрзо ослабев отколку по првата бременост затоа што научив како подобро да се хранам. Минатиот пат малку повеќе вежбав, вели таа.

Таа исто така откри дека има посебна програма за слабеење.

Држам Аткинсова диета и толку сум борбена за тоа прашање па само што почнав сериозно да вежбам и мислам дека комбинацијата од тие две нешта навистина ќе помогне да симнам уште десет килограми. Се молам за тоа, вели Ким.

kim-kardasijan-splash-1-660x990

Таа, по 5-ти декември кога го роди синот Сеинт Вест, го документираше и го следеше целиот процес од борбата со килограмите и го споделуваше со обожавателите на социјалните мрежи.

Минатиот месец напиша дека веќе загубила 19 килограми, но дека сака да ослаби уште 12 килограми.

Тоа е предизвик. Воопшто не е едноставно. Штотуку се вративме од одмор и секојдневно моравме да стануваме рано за да вежбаме, вели таа.