Магазин

Ким и Кање се разведуваат

Ким и Кање се разведуваат

Најпопуларната двојка Ким Кардашијан и Кање Вест поднеле документи за развод, вели извор за магазинот „Ин тач“.

Последните седум месеци во брак ѝ биле тешки на Ким поради однесувањето на Кање, кој мора сѐ да контролира, а ги преминал сите граници за време на прославата на празникот Денот на благодарноста.

Наводно, раперот не присуствувал на празничната вечера на Кардашијанс, туку заминал за Париз со пријателите.

– Ким беше бесна што неа и ќерката Норт Вест ги оставил за празниците и што морала сама да се појави пред семејството – додал изворот.

Таа е толку бесна поради сѐ, па се косултирала со адвокат за сѐ околу разводот.