Свет

Ким Јонг Ун е сериозно болен!?

Ким Јонг Ун е сериозно болен!?

Лидерот на Северна Кореја, Кин Јонг Ун веќе три недели не е виден во јавноста, а не бил ни присутен на еден важен државен собир. Се појавија гласини дека тој е болен, а потоа истото е потведено и од државните медиуми.

Како што информира Си-Ен-Ен, Ким Јонг Ун бил отсутен од седницата на Врховното нардоно собрание, северонкорејскиот парламент во кој доаѓаат челниците во Комунистичката партија, војската и разни национални организации, пренесува Бета.

Меѓу државните раководители кои седеле на бината едно место било празно.

Како што пишува Чајна дејли, севернокорејските медиуми потврдиле дека Ким е болен и повторно ја објавиле снимката во која тој „куца“ со едната нога.

„Маршалот наш и покрај болеста, продолжува со полн жар да ја следи патеката на водење на нашиот народ“ и било речено на жителите на Северна Кореја преку тв прилог кој бил за здравјето на водачот, а е прикажан на 25-ти септември.

Со тоа, пишува Чајна дејли. потврдено е дека Ким е болен, но стравовите не се тргнати.

Претходно медиумските извештаи сугерирале дека здравјето на Ким може да биде изложено на сериозна опасност поради тежината на владиот лидер кој премногу конзумира швајцарско сирење.

Според наодите на агенцијата Итартас, видеото со состојбата на Ким е од јули оваа година, при неговата посета на Палатата на сонцето.

Последната телевизиска снимка на Ким е од 3 септември каде е прикажан како присуствува заедно со сопругата на концерт.

Во меѓувреме, на телевизија не се прикажуваат никакви негови посети на фабрики, земјоделци, воени единици, нешто што се најмалку десетина пати месечно, пишува британски Телеграф.