Ким Јонг Ун се премисли, нема да патува во Москва

Севернокорејскиот водач Ким Јонг Ун го откажа доаѓањето во Москва на 9 мај на прославата на победата над нацистичка Германија, соопшти денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесе МИА.

На младиот севернокорејски водач, кому ова требаше да биде прво официјално патување во странство и дипломатско огнено крштевање, во јануари го прифати повикот на Русија, која оваа година ја прогласи за „година на пријателството“ меѓу двете земји.

Од 68 повикани светски лидери, предвидуваме дека на парадата ќе присуствуваат околу 30 шефови на влади или држави, оцени Песков.

Учество потврдиле лидерите на Азербејџан, Белорусија, Ерменија, казахстан, таџикистан, Абхазија, Јужна Осетија, Кина, Куба, Индија, Јужна Африка, БиХ, Венецуела, Виетнам, Зимбабве, Македонија, Монголија, Кипар, палестиската управа, Србија, Словачка и Чешка, како и шефови на ОН.