Ким Кардашиан ја откри својата тајна за брзо слабеење

Ким Кардашиан е меѓу оние славни личности што во секој миг се подготвени нештата од нивниот приватен живот да ги споделат со обожавателите, а со тоа и со јавноста.

Во морето информации Ким одлучи да ги сподели сопствените искуства по врзани со рекордното симнување килограми.

Во последната бременост Ким се здебели за 28 килограми, а осум месеци по бременоста успеа да се врати во форма. И останаа само уште неколку килограми вишок кои, како што најави, дефинитивно ќе ги симне во наредниот период. Ким сега откри дека во сето тоа успеа со помош на салата.

Оваа салата во изминатите осум месеци била нејзината основна исхрана и благодарение на неа успешно го доведе нејзиното тело во топ форма, а воопшто не гладувала.

Можеби многумин а ќе помислат дека зад нејзиниот изглед стои цел тим, но Ким истакнува дека само силната волја е заслужна за нејзината форма. Тоа е логично, затоа што неможе тренерот да ги прави вашите вежби, ниту пак некој друг може да гладува за вас.

Таа се одлучи за Аткинсовата диета, а салатата, како што признава старлетата е најзаслужна за нејзиното успешно слабеење.

Салатата е од само три состојки: листови спанаќ, пилешко на скара и фета сирење со прелив.

Едноставно, здраво, хранливо, вкусно и ефективно!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.