среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Ким Кардашиан се откажува од својот заштитен знак

Ким Кардашиан Вест планира да се откаже од нејзиниот најголем атрибут со кој што своевремено го рушеше интернетот.

kim-kardashian

Поврзани вести

Ким Кардашиан Вест планира да се откаже од нејзиниот најголем атрибут со кој што своевремено го рушеше интернетот.

Ако може да им се верува на пишувањата на таблоидот The Sun, Ким планира да го смали задникот.

Таа гостуваше на лондонскиот „Вог“ Фестивал и откри дека повеќе не е задоволна со нејзиниот атрибут што претходно често гордо го покажуваше, обидувајќи се да го сруши интернетот.

Сакам да го смалам задникот. Не сакам тоа да биде драстично, но помалку е чудно како целото тело ти се менува по две бебиња, изјави таа.

Сакам да се вратам на фазата од 2010-тата или 2011-тата година и навистина ќе се фокусирам на тоа, објасни старлетата.

А во случај тоа да не и’ успее, Ким не паничи.

Ако не успеам во тоа… тогаш едноставно ќе продолжам да јадам крофни, заклучи таа.

Најчитани вести